Премиерот Христијан Мискоски соопшти дека државата успешно ја исплати еврообврзницата во износ од 700 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон стабилизирање на јавните финансии и намалување на јавниот долг.
Според Мицкоски, со оваа исплата се создава простор за подобро управување со државниот долг, а воедно се ослободуваат и повеќе средства кои ќе можат да бидат насочени кон капитални инвестиции и развојни проекти.
„Исплатата на еврообврзницата од 700 милиони евра е важен финансиски момент за државата. Со ова не само што ги исполнуваме нашите обврски, туку создаваме услови за постепено намалување на јавниот долг и обезбедување повеќе средства за инвестиции кои ќе придонесат за економски раст“, истакна премиерот.
Тој нагласи дека Владата останува посветена на одговорно управување со јавните финансии, со фокус на фискална дисциплина, финансиска стабилност и поддршка на економскиот развој.
Од Владата посочуваат дека целта е преку внимателно планирање и рационално трошење на буџетските средства да се обезбеди поголем простор за реализација на инфраструктурни проекти, поддршка на стопанството и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Исплатата на еврообврзницата, според Владата, претставува исполнување на една од најголемите финансиски обврски на државата во тековниот период и е дел од стратегијата за одржување на макроекономската стабилност и зајакнување на довербата на меѓународните финансиски пазари.






