Организацијата за атомска енергија на Иран (AOEI) денес објави дека американската војска извршила напад врз локација каде што се гради нуклеарна централа.
– САД испалиле неколку ракети врз градилиштето на нуклеарната централа Даркховајн во 3:39 часот по локално време во недела, кршејќи го меѓународното право, се вели во соопштението на иранската организација, објави Ал Џезира.
Објектот се наоѓа во југозападен Иран.






