15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИндустријата со помалку вработени: Намалување од 2,8% во септември

Индустријата со помалку вработени: Намалување од 2,8% во септември

- Advertisement -spot_img

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година, oбјави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3.7 %.

Бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил за:

2.0 % кај рударството и вадењето камен
2.9 % кај преработувачката индустрија
0.6 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img