Есенва се очекува ново поскапување на цената на храната. Предвидувања на експертите се дека глобалните шокови повторно ќе предизвикаат поскапувања поради сушите и топлотните бранови кои ги намалуваат приносите, војната во Украина го нарушува извозот на житарки, а поскапите горива и ѓубрива ги зголемуваат трошоците за производство и транспорт.
Македонија нема да е излоирана од овие случувања. Иако домашната жетва на пченица обезбедува одредена сигурност, земјоделците зависат од увозни горива, ѓубрива и репроматеријали, а прехранбената индустрија од енергија, транспорт и суровини.
Освен житарките, намалени приноси се очекуват и на другите земјоделски производи, што ќе се одрази на цената на прехранбените производи. Глобалниот ценовен удар, според анализите, нема да се почувствува одеднаш. Првиот бран се очекува наесен, особено кај свежото овошје и зеленчук. Кај лебот, тестенините и другата преработена храна ефектот би се почувствува од февруари до мај идната година, поради залихите и одложеното пренесување на повисоките трошоци.
Во Македонија во моментов пак, има незадоволство од откупната цена на црвената индустриска пиперка која по само четири дена од договорот што се постигна со посредство на министерот за земјоделство повторно падна на 20 до 25 денари за килограм. Поради тоа утре се најави протест на струмичките производители.






