домаСпортХари Мегваер: „Рашфорд ќе биде од голема корист за Јунајтед, среќни сме...

Хари Мегваер: „Рашфорд ќе биде од голема корист за Јунајтед, среќни сме што остана со нас“

- Advertisement -spot_img

Хари Магваер верува дека Маркус Рашфорд може повторно да стане важен дел од Манчестер јунајтед во новата сезона.

28-годишниот напаѓач го запиша првиот старт за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата по пауза од 21 месец, во победата со 5:2 против Ипсвич на „Олд Трафорд“. Рашфорд имаше свој придонес во пресвртот.

Пред враќањето во Јунајтед, англискиот репрезентативец беше на позајмица во Астон вила и Барселона, откако имаше несогласувања со поранешниот тренер Рубен Аморим.

„Тој е огромен талент и секогаш претставува закана за противникот. Ако Маркус сака да биде тука, да работи, да напредува и да му помага на тимот, секако дека ќе го прифатиме“, изјави Магваер.

Искусниот дефанзивец верува дека Рашфорд сè уште има многу што да му даде на клубот.

„Може да постигне уште многу ако го одржуваме во добра форма, среќен, мотивиран и гладен за успех. Тој е одличен адут за нас. Не треба да заборавиме дека има прекрасна кариера во Јунајтед и е важен дел од клубот. Среќни сме што повторно е со нас“, додаде Магваер.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img