домаХроникаГром усмрти маж во Чачак

Гром усмрти маж во Чачак

- Advertisement -spot_img

Предо Г. (79) од селото Петница, во близина на Чачак, на 15 јуни, трагично го загубил животот откако бил погоден од гром. Громот удрил во семејната куќа во која во тој момент се наоѓала неговата сопруга, додека тој бил надвор, обидувајќи се да најде засолниште од невремето.

„Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удрил некаде во близина. Немаше силно невреме, туку само дожд и неколку силни удари од гром. Во моментот кога грмеше, Предо беше пред куќата и се обидуваше да се засолни од дождот. Громот го погоди непосредно пред влезната врата. Сè се случи за помалку од една минута. Набргу пристигнаа екипи на Итната медицинска помош и пожарникарите“, изјавил за српските медиуми Милан, сосед на брачниот пар.

Според неговите зборови, Предо починал на пат кон болницата како последица на ударот од гром. Медицинските екипи се обиделе да го реанимираат, но без успех. Неговата сопруга, која исто така била погодена од последиците на ударот, била реанимирана и е хоспитализирана во болницата во Чачак.

Соседите раскажуваат дека по ударот од гром се запалила целата електрична инсталација во семејната куќа, но пожарот бил брзо ставен под контрола благодарение на навремената интервенција на пожарникарските служби.

Во Македонија за денеска УХМР најави многу топло време но и невреме.

Денес времето ќе биде променливо облачно и топло, со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На одделни места временските непогоди може да бидат поизразени, со пообилни врнежи и можност за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 25 и 31 степен Целзиусов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img