МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш.
Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата.
Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Радовиш.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.






