домаМакедонијаГрадоначалникот на Битола со апел по појавата на мечка во градот: Информирани...

Градоначалникот на Битола со апел по појавата на мечка во градот: Информирани се сите надлежни институции

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола преку објава на „Фејсбук“ информираше дека се известени сите надлежни институции по случајот со мечката која синоќа беше забележана како се движи низ градот, а снимките од животното брзо се проширија на социјалните мрежи.

Мечката била снимена на улицата „Македонска Фаланга“, во близина на градското шеталиште, под Тумбе Кафе, кај стадионот во Битола. Граѓаните реагираа загрижено и побараа навремена реакција од институциите за да се избегне несакана ситуација.

Во својата објава, градоначалникот соопшти дека стапил во контакт со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и со Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 во Центарот за управување со кризи е од денешните рани утрински часови за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола“, напиша градоначалникот.

Тој посочи дека од страна на институциите бил известен дека тие веќе постапуваат и се запознаени со актуелната состојба на терен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img