HomeМакедонијаГрадежни работи во Братиндол – Општина Битола ја обновува уличната инфраструктура

Градежни работи во Братиндол – Општина Битола ја обновува уличната инфраструктура

- Advertisement -spot_img

Општина Битола започна со реконструкција на улици во селото Братиндол, проект кој има за цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на локалното население.

Станува збор за проект кој општината го доби преку вториот повик на Владата, реализиран преку Министерството за транспорт, во вкупна вредност од 4.227.303 денари.

Со проектот е предвидена реконструкција на коловозот на седум краци во селото. Работите опфаќаат расчистување и ископ на земја, поставување тампониран слој, а во завршната фаза ќе следува асфалтирање.

Од Општина Битола информираат дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри комуникацијата и пристапноста за жителите во Братиндол, а воедно се потврдува и заложбата на локалната самоуправа за континуирано вложување во развојот на руралните средини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img