HomeСпортГоран Кузманоски: “Пристапот во првото полувреме беше лош, секој ривал треба да...

Горан Кузманоски: “Пристапот во првото полувреме беше лош, секој ривал треба да го респектираме“!

- Advertisement -spot_img

Иако Македонија убедливо стартуваше на Светското ракометно првенство во училшен ракомет, победа против Бугарија со 33:18, сепак селекторот Горан Кузманоски не беше премогу задоволен од настапот на своите избраници. Посебно за тоа што Македонија покажа во првото полувреме. Кузманоски смета дека може и мора подобро.

Едно лошо прво полувреме. Не беше лошо како полувреме, но пристапот беше лош, а кога се работи за една млада селекција не смее да се дозволи да го бираме противникот дали е добар или лош. Мора да бидеме конкретни во текот на целиот меч. Ни се случува два-три пати со послаби репрезентации каде што отвораме некако потешко, а потоа доаѓаме до посериозен резултат со поголема разлика, но како и да е можеби подобро работите сега да се случуваат да имаме увид за понатака да ги средиме што е можно побрзо. Без разлика што беше Бугарија, една школска екипа, покажаа дека знаат да играат ракомет“ посочи Кузманоски и се осврна на на следните мечеви:

Нас ни следат уште три меча, тоа се Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија. Секој противник треба да го гледаме со респект. Знаеме дека тие се дојдени со репрезентативни состави и ние ќе го дадеме максимумот, иако доаѓаме од медитеранско првенство, преовладува мал умор, имаме и двајца-тројца играчи со вирус и еден повреден, но тоа не значи дека треба да бараме алиби“ изјави селекторот на нашата машка кадетска селекција по мечот и победата над Бугарија на првиот меч од Светското првенство во училишен ракомет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img