Горан Агелов Ќосето е пуштен условно на слобода, откако помина осум години во затвор по пресудата за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
Ангелов за МКД.мк потврди дека добил условен отпуст, откако отслужил две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години затвор. Тој е првиот што доби условен отпуст од оваа постапка, за која сите обвинети тврдеа дека е политички монтиран процес.
Од првото судење па сè до денес тој тврди дека не е виновен за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста: „Најголема болка е кога не сте виновен, а ви велат дека сте терорист“.
Во случајот за „27 април“ 16 лица беа правосилно осудени на затворски казни кои се движеа од 7 до 16 години затвор.







