ОЈОГОКК треба да се занимава во високо профилни случаи, со финансиски истраги и конфискација на имот, тоа мора да стане наш приоритет и борба со организираниот криминал во смисла на криминалните групи, истакна Искра Хаџи Василева, одговарајќи на прашањето за приоритетите во нејзината програма.
Борбата со корупцијата е нешто што е приоритет бидејќи така може да се постигне голем ефект во останатата битка со различните типови на криминалитет кои ова обвинителство ги има под исклучива надлежност. А конкретен план и замисла како да дојдеме до тоа имам – да ја фокусираме работата на оние предмети кои се навистина од јавен интереси во интерес на граѓаните. Ние сме чувари на системот и веројатно мора да бидеме и реалисти во таа смисла и да го максимизираме ефектот од нашата работа, истакна Хаџи Василева.
За приоритетите, со четворица од кандидатите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителите Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева, Фатон Азизи и Трајче Пеливанов се води дебата во вечерашната Топ Тема на Телма.






