15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГоран Ѓорѓевски за Newsmax Balkans: Со укинувањето на ослободување од ДДВ за...

Горан Ѓорѓевски за Newsmax Balkans: Со укинувањето на ослободување од ДДВ за пратки од Temu и AliExpress се создава фер пазар за сите компании

- Advertisement -spot_img

Сојузот на стопански комори на Македонија ја поздравува иницијативата на Владата за укинување на ослободувањето од ДДВ за пратки со вредност под 22 евра, кои досега пристигнуваа преку платформи како Temu и AliExpress, без да бидат оданочени.

Според Горан Ѓорѓевски од Сојузот на стопански комори, оваа мерка ќе придонесе за воспоставување рамноправна конкуренција на пазарот и ќе стави крај на нелојалните услови меѓу домашните и странските компании кои продаваат преку интернет.

„Гледајќи низ призмата на бизнисот, овој закон е од особено значење, затоа што со него се создава правилна и правична конкуренција помеѓу компаниите кои се регистрирани во нашата држава и оние онлајн платформи кои досега работеа без оданочување. Со оваа мерка се воспоставува правичен конкурентски оквир, каде сите компании ќе можат рамноправно да пристапат до купувачите,“ изјави Ѓорѓевски.

„Конечно, се прави чекор во насока на една фер распределба во однос на контактот што го имаат компаниите со крајните потрошувачи. Сметаме дека ова е исправен чекор и дека во иднина треба да се продолжи во оваа насока. Со оваа законска измена околу 4 милиони денари ќе се вбризгаат во домашниот буџет. Можеби тоа е капка во морето, но секој исправен чекор кој создава правичност е добредојден и придонесува за вистинска, правилна конкуренција меѓу компаниите,“ додаде тој.

Со предложената измена, се очекува сите пратки под 22 евра кои досега беа ослободени од ДДВ, да се оданочуваат со 18 проценти, со што Владата најавува дополнителни приходи во буџетот и пофер услови за домашните трговци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img