домаСветГермански генерал испрати остра порака до Москва

Германски генерал испрати остра порака до Москва

- Advertisement -spot_img

Германија е подготвена веднаш да одговори на секој евентуален руски напад врз земја-членка на НАТО, изјави генерал-потполковник Холгер Нојман, началник на германските воздухопловни сили, во интервју за британскиот „Телеграф“.

Во своето прво интервју за британски медиум, Нојман испрати една од најострите пораки кон Москва од висок германски воен претставник, нагласувајќи дека Алијансата ќе го брани „секој сантиметар“ од својата територија.

„Ако има конфликт, се надеваме дека никогаш нема да има, но ако дојде, ќе го браниме секој сантиметар од нашата територија. Мислам дека ова е важна порака, особено за Северот и нашите балтички сојузници“, изјави Нојман.

Тој потенцираше дека не постојат области со различно ниво на безбедност во рамките на НАТО и дека сите членки уживаат иста заштита.

„НАТО е НАТО, до последниот сантиметар“, додаде тој.

Според Нојман, Германија ќе ги стави на располагање сите свои капацитети во рамките на Алијансата за заштита на територијата, населението и заедничките вредности.

Иако посочи дека германската армија со години се соочувала со недоволни инвестиции, тој уверува дека воздухопловните сили се подготвени да реагираат веднаш доколку се појави закана.

Генералот исто така изрази подготвеност за поддршка на Велика Британија преку механизмите на НАТО во случај на потреба од дополнителна воздушна одбрана.

Осврнувајќи се на војната во Украина, Нојман предупреди дека Русија не смее да биде потценета, посочувајќи дека руските сили покажале способност за адаптација и располагаат со напредни воени системи, вклучително и модерни борбени авиони и различни типови ракети.

„Никогаш не го потценувајте противникот“, порача тој, додавајќи дека НАТО мора постојано да биде подготвен за сите можни сценарија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img