Општина Центар од почетокот на годината исплатила вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња. Во рамките на оваа иницијатива, реализирани се 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Процесот на исплата продолжува согласно пристигнатите барања.
За новороденчињата родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен на 10.000 денари. Претходно, овој надоместок изнесуваше 7.000 денари, што претставува значително зголемување. Поддршката за семејствата со новороденчиња е важен чекор во придонесувањето за подобра иднина на нашите најмали.








