Најдобриот египетски фудбалер и досегашна ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах направи глобален фудбалски земјотрес прифаќајќи ја понудата на турскиот клуб Трабзонспор.
Тој утрово симболично го облече дресот на својот нов клуб во авионот на пат кон Турција. 34-годишниот напаѓач ја избра понудата на тимот и пристигна како слободен играч.
„Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме многу наскоро“, им рече Салах на навивачите, додавајќи го слоганот на клубот „Каде и да сме, како да сме во Трабзон“ (Бизе хер јер Трабзон).
Многумина се изненадени од потегот на Мо Салах, но очигледно „фараонот“ се договорил за услови што ги нема ниту еден друг играч во кој било друг клуб во светот.
Неговата годишната плата изнесува 17.000.000 евра, а има лесно остварливи бонуси од 5.000.000. Салах ќе знае тоа да го собере на теренот. Уште 5.000.000 ги зеде само како бонус за потпишување откако дојде како слободен агент.
Но, тоа не е сè! Салах се согласи целиот приход од дресовите продадени во странство да оди кај него лично, а има право и на 25% од парите за дресови со неговото презиме што ќе се продаваат во Турција. Исто така, тој ужива стопроцентен профит од маркетингот поврзан со неговото име и ликот. 9.000.000 евра завршија на сметката на неговиот менаџер.
Трабзон направи огромен фудбалски и маркетиншки потег, но дали тоа ќе донесе успеси и трофеи ќе се види многу брзо уште во битката за пласман во Лигата на Европа (квалификациите на Трабзон започнуваат во плејоф рундата).






