домаМакедонијаКазниво е, ама го има дури и во болница: „Ако сакаш со...

Казниво е, ама го има дури и во болница: „Ако сакаш со картичка, плати си ја провизијата“

- Advertisement -spot_img

Ако трговецот или некоја институција наплатува од граѓаните надоместок за плаќање со картичка, казните се од 500 до 10.000 евра.

Продолжува „контаминацијата на терен“ на плаќањето со платежни картички. Трговците (продавачи) наместо да вршат институционален притисок банките да ги намалат провизиите за користење на платежните картички, започнаа во пракса да ја префрлаат провизијата на граѓаните, односно купувачите. Објаснувањето е дека банката земала висок процент на име провизија за наплата со картичка, реагира бизнис-советникот Павле Гацов.

Тој посочува дека ова не го прават само трговците, туку и разни државни институции. Ние пак, пронајдовме примери на шалтерите во државните болници каде исто така нагласуваат дека е поскапо ако се плаќа со картичка. Еден конкретен случај беше сметка за оперативен зафат за кој партиципацијата беше 6.000 денари во кеш, односно 6.120 денари ако се плаќа со картичка.

Гацов ги кани трговците и државните институции на „правно потковување“, посочувајчи дека различни цени со картичка и без картичка се казниви со закон.

-Оваа „покана за правно потковување“ се однесува и на разните државни установи/институции кои исто така наплаќаат дополнителни суми од граѓаните што плаќаат со картички. Кршењето на законските одредби има посебно засекување со „моралот“ што треба да го промовира и брани државата (имено, секоја политичка изјава започнува и завршува „заради граѓаните“ или „во корист/интерес на граѓаните“…)“, напиша Гацов во својата објава на сопцијалните мрежи.

Според Законот за платежни услуги и платни системи: „Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец ќе му се изрече за прекршок доколку нуди попуст за платежни трансакции кои се извршуваат со готовина, непосредно од плаќачот на примачот, без вклучување на посредник, поголем од попустот којшто го нуди при платежни трансакции, кои се извршуваат со други платни инструменти различни од готовина, наплатува надоместок за употреба на одреден платен инструмент заснован на картичка или наплатува дополнителни надоместоци“.

Според регулативата, не постои законски утврдена единствена провизија што банките смеат да им ја наплатуваат на трговците за плаќања со платежни картички Провизијата е договорна меѓу банката и трговецот. Сепак, Законот поставува ограничување на еден дел од таа провизија – меѓубанкарскиот надоместок, а не на вкупната провизија што ја плаќа трговецот.

„Доколку платежната трансакција се врши со платен инструмент заснован на картичка, заменските надоместоци што се пресметуваат и наплатуваат меѓу давателите на платежни услуги во Република Северна Македонија не смеат да бидат повисоки од: 1) 0,2% од вредноста на извршена трансакција во случај на платежни трансакции засновани на дебитни картички и 2) 0,3% од вредноста на извршена трансакција во случај на платежни трансакции засновани на кредитни картички“, пишува во Законот за платежни услуги и платни системи.

Во вкупниот процент што го плаќа трговецот или инститицијата која работи со картички, покрај овој меѓубанкарски надоместок се вклучени и надоместокот за картичната шема (на пример Виза, Мастеркард), како и маржата на банката што го обезбедува ПОС- терминалот. Овој дел не е законски фиксиран, туку се договара.

Во пракса, познавачите велат дека вкупниот износ најчесто е од еден до два проценти за поголемите трговци и синџири и од два до три проценти за помали трговци, зависно од прометот, дејноста и договорот со банката.

Поради овие провизии многу често помали трговци одбиваат да работат со картички. Така, во денешно време, кога во некои европски земји речиси и не функционира кеш, кај нас може да се случи граѓаните да бидат приморани да го бараат најблискиот банкомат затоа што не можат да го купат саканиот производ или да отидат на фризер, да се возат со такси…

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img