АКТ денеска откива нов скандал, нова бомба. Скопјани се повторно жртва на корупцијата и криминалните тендери на ВМРО-ОКГ. Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе доцнат, ќе се варат или ќе мрзнат, рече на прес конференција, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Овој документ што го држам во рацете е уште една потврда за тоа каква им била намерата. Ова е официјална претставка до Министерството за транспорт, која јасно и недвосмислено ја потврдува нашата теза: преземањето на надлежностите за набавка на автобуси не беше за да му се помогне на Скопје, туку за да се избере однапред договорена фирма, блиска до нивниот политички партнер Виктор Орбан. Овој допис јасно укажува на координиран чин на елиминирање на другите понудувачи за да се избере фаворизираниот. Што точно крие овој скандалозен тендер?
Иако основниот критериум бил најниска цена, се избрало скап понудувач. Разликата е шокантна: постоела понуда која е поевтина за 12 милиони евра! Или по автобус, точно 78,563 илјади евра. ВМРО-ОКГ планирала да го оштети буџетот и граѓаните за речиси 12 милиони евра.Толку им е тарифата.И не, ова не е случајна грешка. Организирана криминална група бил писмено предупредена за оваа поевтина понуда во неколку наврати – уште во ноември 2024 и во декември 2025 година. Тие свесно туркале поскап тендер за унгарските автобуси. Зошто тендерот одеднаш е поништен? Не затоа што ВМРО-ОКГ или Министерството се загрижија за правдата. Тие го поништија тендерот затоа што беа фатени на дело, рече Фрчкоски.








