Home » Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени

Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени

by Lina Muslija

Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на приказната за ангелот и демонот кои пробуваат да го спречат доаѓањето на антихристот.

Дали е подобро да се прочита книгата, или да се изгледа филмот/серијата? Ова е вечна дебата помеѓу филмоманите и љубителите на пишаниот збор.

Нормално, ова е субјективна тема и на некои повеќе им се допаѓа книгата од филмот.

Но, за некои филмови и серии, повеќето гледачи и читатели се согласуваат дека адаптацијата дефинитивно ја надминала книгата.

Ова не значи дека книгата е лоша, туку филмовите и сериите ја пренеле приказната многу подобро.

Адаптации што ги надминаа книгите според кои се снимени:

The Shawshank Redemption

Филмот е снимен според новелата Rita Hayworth and the Shawshank Redemption на Стивен Кинг, а главните улоги им припаѓаат на Морган Фримен и Тим Робинс.

Робинс глуми банкар кој добива доживотна казна затвор за убиството на неговата сопруга и нејзиниот љубовник.

Во период од многу години, тој трпеливо го планира неговото бегство.

Bridget Jones’s Diary

Со Рене Зелвегер во главната улога, филмовите за Бриџит Џонс се снимени според книгата на Хелен Филдинг која се смета за едно од првите „чик лит“ дела.

Книгата е напишана во форма на дневник и опфаќа една година од животот на Бриџит која е сингл жена во своите 30-ти.

А, филмот многу добро го доловува сето тоа.

American Psycho

Филмот е снимен според истоимената книга на Бред Истон Елис и главниот лик го глуми Кристијан Бејл.

Ликот на Бејл е богат банкар кој ја крие својата психопатска страна од неговите пријатели.

A Clockwork Orange

Книгата на Ентони Бурџис е ништо помалку од вознемирувачка, но филмот во режија на Стенли Кјубрик ја прави приказната уште позастрашувачка.

Главниот лик е Алекс, деликвент кој е во затвор за убиство и силување. Со цел да си ја намали казната, тој волонтира за експериментална терапија која би требало да го „излечи“ од психопатските нагони.

Arrival

Филмот е снимен според новелата Story of Your Life која има добиено неколку престижни награди.

Но сепак, ремек-делото на Денис Вилнев, кој ги режираше и двете продолженија на Dune, е филм што треба да го изгледате и ако не сакате научна фантастика.

Главниот лик е лингвистка која добива задача да го преведе јазикот на вонземјани што ја посетуваат Земјата и стапуваат во контакт со луѓето.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More