Европските индекси денес се претежно во минус, а цената на нафтата од типот Брент падна на околу 93 долари за барел откако Иран и Израел се согласија да ги сопрат меѓусебните напади, зголемувајќи ги надежите за продолжување на мировните преговори на Блискиот Исток.
Според податоците на берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта WTI падна за 1,34 проценти на 90,032 долари за барел, а цената на нафтата Брент за 1,08 проценти на 93,302 долари.
Германскиот DAX падна за 0,17 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,41 процент, московскиот MOEX за 0,54 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,16 проценти.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повика на смирување на Блискиот Исток и рече дека разговорите со Техеран продолжуваат, додавајќи дека цените на нафтата треба да паднат по завршувањето на конфликтот.
Вниманието на пазарот е насочено и кон претстојната одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика, при што се очекува креаторите на политиките да ги зголемат каматните стапки во четврток поради зголемените инфлациски притисоци, објави CNBC.
Инвеститорите исто така ќе ги следат податоците за германската трговија и индустриското производство за април, кои би можеле да дадат нови сигнали за здравјето на најголемата европска економија и изгледите за економски раст во регионот.
Европските фјучерси за гас за јули се тргуваа по 50,165 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF во Амстердам денес.
Еврото денес се тргува по 1,15427 долари во однос на доларот на берзата Форекс.
Цената на златото се искачи на 4.329,18 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 5,8752 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).








