HomeСветЕУ го деблокираше заемот од 90 милијарди евра за Украина откако Унгарија...

ЕУ го деблокираше заемот од 90 милијарди евра за Украина откако Унгарија го повлече ветото

- Advertisement -spot_img

Амбасадорите на земјите од Европската Унија денес одобрија исплата на заем од 90 милијарди евра за Украина и нов пакет санкции против Русија, откако Унгарија го повлече ветото, соопшти кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, а конечната потврда од земјите-членки се очекува до четврток, пренесуваат медиумите во регионот.

Пречката беше отстранета откако унгарската нафтена компанија „МОЛ“ објави дека добила известување од „Укртранснафта“, украинскиот оператор на гасоводот „Дружба“, дека денес напладне почнала да прима сурова нафта од Белорусија и дека првите пратки сурова нафта по рестартирањето на украинскиот дел од гасоводниот систем се очекува да пристигнат во Унгарија и Словачка најдоцна утре.

Минатата година, ЕУ се согласи за овој заем за да се обезбеди финансиската ликвидност на Украина во текот на 2026 и 2027 година, но Унгарија ја блокираше одлуката.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно ја обвини Украина за попречување на транзитот на руска нафта преку гасовод оштетен од руските напади.

Застојот, исто така, го одложи усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија, кој првично требаше да биде воведен по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Изгледите на Украина за добивање заем се подобрија дополнително откако Орбан ги загуби парламентарните избори во Унгарија на 12 април, забележува Ројтерс.

Лидерот на победничката партија Тиса, Петер Маѓар, објави дека нема да ги блокира европските средства за Киев, иако се очекува да ја преземе својата нова функција дури следниот месец, пренесува Танјуг.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img