домаСветЕУ договори нови правила за надзор на берзите и криптопазарот

ЕУ договори нови правила за надзор на берзите и криптопазарот

- Advertisement -spot_img

Министрите за финансии на Европската Унија постигнаа договор за нов модел на надзор на финансиските пазари, со кој дел од најголемите берзи, институциите за порамнување на трансакции и криптокомпаниите ќе преминат под директна контрола на европскиот регулатор ЕСМА.

Договорот, постигнат на состанокот во Луксембург, предвидува дел од надлежностите што досега ги имаа националните регулатори да бидат префрлени на Европската управа за хартии од вредност и пазари, со седиште во Париз.

Целта на реформата е да се намалат административните пречки меѓу финансиските пазари на 27 земји членки и да се создадат подобри услови за инвестирање и прибирање капитал. Европските власти сметаат дека сегашната поделба на надзорот го ограничува развојот на европскиот пазар и ги поттикнува компаниите да бараат финансиски средства во САД.

Сепак, конечниот предлог е значително поограничен од првичните планови на Европската комисија. Германија успеала да обезбеди исклучок за берзата „Дојче берзе“, која ќе продолжи да работи под национален надзор доколку ги исполнува предвидените критериуми.

Ограничувања се воведени и кај криптопазарот. Од приближно 360 даватели на услуги поврзани со криптоактиви во Европската Унија, само меѓу 10 и 15 од најголемите ќе бидат директно надгледувани од европскиот регулатор.

Промените ќе опфатат и дел од институциите што се задолжени за порамнување и евидентирање на берзанските трансакции. Наместо првично предвидените девет клириншки институции, под директен европски надзор ќе преминат шест, додека бројот на депозитарни институции е намален од 15 на 13.

Ирското претседателство со Советот на ЕУ го оцени договорот како значаен чекор кон создавање единствен европски пазар на капитал, кој треба да им овозможи на компаниите полесен пристап до инвестиции, а на граѓаните поголем избор на финансиски производи.

За реформата да стапи во сила, потребно е да се постигне конечен договор со Европскиот парламент, по што ќе следува постепено спроведување на новите правила.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img