домаТехнологија„Епл“ развива слушалки со камери што го снимаат просторот околу корисникот

„Епл“ развива слушалки со камери што го снимаат просторот околу корисникот

- Advertisement -spot_img

Американската компанија „Епл“ е во завршна фаза на развој на безжични слушалки AirPods со вградени камери, кои треба да овозможат напредни функции базирани на вештачка интелигенција, објавува „Блумберг“.

Според извори запознаени со проектот, развојот на уредот влезе во фаза во која прототипите се веќе блиску до конечниот дизајн и функционалност.

Новите слушалки, според планот, би користеле мали камери со ниска резолуција што би го „набљудувале“ просторот околу корисникот и би испраќале визуелни информации до системот за вештачка интелигенција, вклучувајќи го и дигиталниот асистент Сири.

Камерите нема да се користат за снимање фотографии или видеа.

Уредот треба да личи на следната генерација на моделот AirPods Pro, а камерите би биле поставени во обете слушалки, овозможувајќи просторна анализа на околината во реално време.

Проектот беше планиран за порано лансирање, но беше одложен поради доцнења во развојот на подобрена верзија на асистентот Siri.

Apple очекува новиот производ да го прошири успехот на постојните уреди AirPods и дополнително да ја зајакне позицијата на компанијата во областа на уреди со интегрирана вештачка интелигенција, каде што се соочува со конкуренција од компании како „ОпенВИ“ и „Мета“.

„Блумберг“ објави дека „Епл“ издвои рекордни средства за истражување и развој во последниот квартал, повеќе од 11 милијарди долари, пренесува „Танјуг“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img