15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЕма Зафирова ја освои главната награда на фестивалот „Камера 300“ во Битола

Ема Зафирова ја освои главната награда на фестивалот „Камера 300“ во Битола

- Advertisement -spot_img

Во Малата сала на Центарот за култура во Битола синоќа беше отворен 33. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм, во присуство на учесниците, жирито и љубителите на документарниот жанр.

Фестивалот го отвори Стефан Хаџиантоновски, претседател на кино-клубот „Студио Милтон Манаки“, кој потсети дека годинава се одбележуваат 120 години од купувањето на легендарната „Камера 300“ и снимањето на првиот документарен филм на Балканот – филмот за баба Деспина, снимен во 1905 година.

На фестивалот пристигнале 28 филмови, од кои 12 се натпреваруваа за награди.

Главната награда, Гран при, ја доби Ема Зафирова од Велика Британија (по потекло од Македонија) за филмот „Мајчински инстинкти“.

Златната плакета „Камера 300“ ѝ беше доделена на Валентина Андреиќ за „Три манастирски цркви во Куманово“, а сребрениот медал на УНИКА го доби Надица Петровиќ за „Макраме“.

Плакетата, која традиционално ја доделува Општина Битола, отиде кај Франц Моге од Словенија за филмот „Клукајдрвци“, а специјални признанија добија Ноела Нечковска, Љупчо Ристевски и Љупчо Паунковски за своите документарни остварувања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img