Вчеравечер во Велес е пријавено е дека избувнал пожар во гаража на ул. Самоборска број 7, во близина на Инфективното одделение при Општата болница , соопшти Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес.
На местото на настанот веднаш интервенираше екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило. При пристигнувањето, пожарот бил во развиена фаза и зафатил патничко моторно возило.
Пожарот беше успешно изгаснат од страна на екипата на ТППЕ Велес.
Нема информации за повредени лица.
Од единицата посочуваат дека интервенцијата била брза и професионална, со цел да се спречи понатамошно ширење на огнот и штета на околните објекти.








