домаЕкономијаДЗС: Индустрискиот промет порасна за 2.7% во јули

ДЗС: Индустрискиот промет порасна за 2.7% во јули

- Advertisement -spot_img

Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули 2026 година во однос на јули 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 6.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, бележи опаѓање од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.

На домашниот пазар прометот во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 3.8 %. На странските пазари прометот во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 1.9 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.

Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, имаат одделите:

Производство на прехранбени производи со 2.3 %
Производство на метали со 7.3 %
Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 1.9 %

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img