домаМакедонијаДел од професионалните војници на протест

Дел од професионалните војници на протест

- Advertisement -spot_img

Професионалните војници излегоа на протест пред владата. Нивното трпение попушти и велат дека доста молчеле. Бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат со години. Од пред владата им порачаа на надлежните дека потребно е законско и трајно решавање на статусот на професионалните војници, вклучително и прашањето за оние кои наполниле 45 години. Помеѓу барањата на војнивите е и зголемување на платите на професионалните војници, како и обештетување на поранешните припадници на Армијата.

„Професионалните војници се најдискриминирани работници во Република Македонија, за кои никако не важи трансформирањето на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи. Оваа дискриминација ја потврди и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во јули 2025 година со донесено мислење дека сите професионални војници се дискриминирани поради нееднаквиот работен однос. “

Независниот синдикат на професионалните војници на протестот доби поддршка и од Координативното тело на пензионираните припадници на Армијата, кои истота така излегоа со свои барања, но и ветувања од властите кои никогаш не биле реализирани.

„Да се формира една комисија заедничка од владата, како што вети министерот дека лично ќе се обрати на премиерот и ќе бара од него консултации и дека ќе го решат овој проблем бидејќи се работи за еднократна исплата на овие луѓе, еднократна исплата за 40 години стажшто сме дале за оваа држава и сме допринеле да се изгради самата држава“.

Доколку и натаму продолжи игнорантскиот однос од страна на властите, професионалните војници најавуваат радикализација на протестите. Очекувањата на војниците се владеачката партија да го предложи законското решение во собранието бидејќи тие го имаат мнозинството.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img