Две скопјанки синоќа пријавиле физички напад и закани од вонбрачниот, односно од поранешниот вонбрачен партнер.
Како што се наведува во полицискиот билен, едната, на возраст од 35-години, вчера околу 19:30 часот во СВР Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Е.М..
Другата, на 41-годишна возраст, во 20:30 часот во СВР Скопје пријавила дека од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.А. била психички вознемирувана и истиот и упатувал закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.








