Вчера во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А.(56), Д.А.(18) и 51-годишната К.А., сите од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, претходно на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу приведените лица од една страна и Ш.А.(20) и неговата мајка, двајцата од Скопје, од друга страна, во која Д.А. со остар предмет му нанел повреда на Ш.А..
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.






