домаСветДвајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат во ирански...

Двајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат во ирански напад врз база во Јордан

- Advertisement -spot_img

Американската војска соопшти дека двајца американски војници загинале, а еден се води како исчезнат по иранските напади врз база во Јордан, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Во соопштението на американската војска се наведува дека двајца војници загинале во петокот додека американските сили и нивните сојузници на Блискиот Исток се бранеле од балистички ракети и беспилотни летала од Иран.

Се наведува и дека уште четворица припадници на војската биле евакуирани во болница во Јордан, од каде што подоцна биле пуштени по третманот.

Ројтерс претходно објави дека Иран започнал нови напади врз американските сојузници во Персискиот Залив.

Во Кувајт беше погодена постројка за десалинизација, а работата на меѓународниот аеродром беше прекината поради повторените закани со ракети и беспилотни летала.

Кувајтската нафтена корпорација подоцна соопшти дека еден од нејзините нафтени објекти бил погоден во новите напади од Иран.

Постројката претрпела штета во нападот, а повреден е и помал број луѓе.

Кувајтските вооружени сили соопштија дека утринава пресретнале ирански балистички ракети и беспилотни летала, додавајќи дека голем број пожарникари и работници во нафтениот сектор се повредени.

Иранската Револуционерна гарда претходно денеска објави дека извршила напад врз воздухопловна база што ја користат САД во Бахреин, како одговор на американското бомбардирање.

Системот за рано предупредување на Саудиска Арабија ги повика жителите на Ал-Харџ и Јанбу денеска да се упатат кон засолништата.

Двајца анонимни извори на Ројтерс изјавија дека предупредувањето било издадено поради ирански напад – прв по повеќе од три месеци.

Во Ал-Харџ, источно од Ријад, се наоѓа воена база каде што се стационирани американски трупи, додека во Јанбу, на Црвеното Море, се наоѓа важен терминал за извоз на нафта.

Саудиските државни медиуми не соопштија зошто е издадено предупредувањето, а владината канцеларија за медиуми одби да даде коментар за Ројтерс.

Иранската Револуционерна гарда не објави дека денеска извршила напад врз Саудиска Арабија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img