домаМакедонијаДС: Потребно е забрзување на евроинтеграциите на Македонија

ДС: Потребно е забрзување на евроинтеграциите на Македонија

- Advertisement -spot_img

Демократскиот сојуз ја поддржува стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива.

Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги зајакна механизмите за борба против криминалот и корупцијата и во целост ја усогласи својата надворешна, безбедносна и одбранбена политика со политиките на Европската Унија.

Како кредибилен партнер на ЕУ, Македонија заслужува валоризација на постигнатите резултати преку формално отворање и затворање на поголем број преговарачки кластери и поглавја.

Демократскиот сојуз предлага Владата да ја разгледа иницијативата за постепена интеграција на Македонија во Европската Унија и врз основа на продлабочена анализа, како и пошироки експертски и политички консултации, да изгради јасен државен став за ова прашање.

Доколку и понатаму се инсистира на уставни измени како услов за напредок во преговарачкиот процес, Собранието на Република Македонија треба да побара од Европската Унија да донесе јасни и обврзувачки заклучоци со кои ќе се гарантира дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија по приемот на Македонија, дека идентитетските прашања нема да можат да бидат основа за нови блокади или вето во иднина, како и да се обезбеди принцип на реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија.

Демократскиот сојуз инсистира на постигнување поширок политички и граѓански консензус за сите прашања поврзани со европската интеграција на државата. Во услови на сложени геополитички предизвици, неопходно е да се обезбеди единство околу европската иднина на Македонија, без притоа да се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет, јазик и културно-историски континуитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img