домаХроникаДрво падна врз 86-годишна скопјанка, во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

Дрво падна врз 86-годишна скопјанка, во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

- Advertisement -spot_img

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот во СВР Скопје. По падот на дрвото, К.М. (86) од Скопје била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош, а лекарите констатирале тешка телесна повреда.

Во меѓувреме, граѓанин кој ја барал чантата на повредената жена пронашол експлозивна направа. Таа подоцна била подигната од местото на настанот за понатамошна постапка.

За случајот бил известен јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img