Осумнаесетгодишник од Росоман е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла дрога.
– На 22 јуни во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Р.Ш. (18) од Росоман. Претресот, извршен со судска наредба од Основниот суд во Кавадарци, бил спроведен во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, известија од МВР.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








