Уапсен маж од Хрватска на подрачјето на Центар затоа што ги нападнал партнерката и нејзината сестра. Тој, пак, во полиција пријавил дека бил жртва на напад со остар предмет од неговата партнерка од Украина.
– На 13.04.2026 во 04:10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н.К. пријави дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. и се обидела со остар предмет да го нападне, информираат од полицијата за овој случај на семејно насилство.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








