домаХроникаРасчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го призна

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го призна

- Advertisement -spot_img

МВР информира дека е уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, осомничен за убиството на Ш.Е. (38) од селото Љубин, чие тело беше пронајдено на 21 ноември на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци.

Уапсувањето го извршиле полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени оперативно-тактички мерки.

Од МВР информираат дека при увидот на местото на настанот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата кај починатиот. Во близина на телото било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Со осомничениот бил извршен службен разговор, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

По целосното документирање на случајот, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против Б.Ј. е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img