домаРегионДрама на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се...

Драма на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се појавил чад во кабината

- Advertisement -spot_img

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб.

Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако бил забележан чад во кабината.

„Во согласност со пропишаните процедури, активирана е локална постапка за итно слетување. Авионот беше безбедно приземјен и немаше закана за патниците, екипажот или инфраструктурата“, нагласи Чапковиќ Мартинек.

Според достапните информации, по добивањето на дојава за чад во кабината, екипажот веднаш покренал безбедносни процедури, а авионот слета на пистата на аеродромот во Загреб без дополнителни проблеми.

Засега не е познато на која релација патувал авионот.

Извор: tv21

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img