HomeМакедонијаДоживотен затвор за штипјанецот Асанов за бруталното убиство на Николова

Доживотен затвор за штипјанецот Асанов за бруталното убиство на Николова

- Advertisement -spot_img

Основниот суд во Штип му изрече доживотна казна затвор на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепото убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова, откако Асанов беше прогласен за виновен.

Според обвинението, тој лани ја убил Николова на особено суров начин, по што го распарчил телото. Дел од посмртните останки беа пронајдени во дворот на неговата куќа, додека другите делови не се пронајдени и покрај обемните пребарувања.

Обвинителството побара најстрога казна, додека одбраната тврдеше дека нема доволно докази и бараше ослободителна пресуда. Иако Асанов првично признал вина во истрагата, подоцна пред судот ја негирал, тврдејќи дека телото го пронашол.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img