домаМакедонијаСтандардни цени на штипскиот пазар, зелката најбарана, но со помала раздвиженост поради...

Стандардни цени на штипскиот пазар, зелката најбарана, но со помала раздвиженост поради ветровитото време

- Advertisement -spot_img

Прифатливи цени и во средината на месец ноември на штипскиот пазар. Најбарана беше зелката, а веднаш по неа и празот, компирот, јапонското јаболко и крушата. Според купувачите, цените главно останале исти и нема поголеми промени во споредба со претходните недели. Дел од граѓаните сметаат дека цените се добри и приспособени на моменталната состојба и куповната моќ.

И производителите се согласни дека зелката е најбараниот производ на пазарот, која се продава во големи количини. Воедно, кај мандарините се забележува благ пад на цената.

На штипскиот пазар денеска имаше и послаба посетеност поради ветровитото време, па раздвиженоста беше помала од вообичаено.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img