Англикста арепрезентација на „Хард Рок стадионот“ во Мајами во рамките од 1/4-финалето ќе го одигра дуелот против Норвешка. Дуелот е закажан за в недела од 23:00 часот по европско време, а според информациите репрезентацијата на Англија ќе има огромна поддршка на овој дуел.
Поточно, околу 30.000 фанови доаѓаат на Флорида за да и помогнат на Англија да стигне до уште едно полуфинале во историјата.
Според „Дејли меил“, Фудбалската федерација добила дополнителни 8.000 билети од други федерации чии национални тимови веќе се елиминирани од натпреварувањето. Кога оваа квота ќе се додаде на оние кои веќе купиле билети, вкупниот број на навивачи на „Трите лава“ кои ќе присуствуваат на стадионот со капацитет од 64.478 гледачи ќе надмине 30.000.
Освен тоа, медиумите присутни на терен потврдуваат дека локалното население ја фаворизира Англија во текот на целиот турнир.






