домаМакедонијаДо 31 година, младите во Македонија живеат со нивните родители

До 31 година, младите во Македонија живеат со нивните родители

- Advertisement -spot_img

Младите во Македонија престануваат да живеат со родителите на просечна возраст од 30,7 години за разлика од просекот од 26,3 години на младите во ЕУ, покажува истражувањето на Евростат за 2025 година. Две држави од Балканот кои се дел од европското семејство имаат млади кои најдолго остануваат во родителскиот дом.

Хрватска е на првото место со просек од 31,5 години, а потоа Грција со 30,9 години. Спротивно на тоа, најрано на околу 20 години си заминуваат во Финска и Данска.

Од регионот подобар просек од нашата земја има Србија каде младите живеат со нивните родители до 30,1 година, потоа Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Евростат забележува дека оваа статистика е поврзана и со стапката на вработеност на младите на континентот.

Евростат: „На пример, во земјите каде што младите имаат тенденција порано да го напуштаат родителскиот дом, како што се Холандија, Данска, Германија и Шведска, стапката на вработеност кај младите е обично повисока. Во земјите каде што младите подоцна го напуштаат родителскиот дом, како што се Грција, Хрватска, Шпанија и Италија, стапката на вработеност беше пониска од просекот во ЕУ.“

Во 2025 година, стапката на вработеност кај младите на возраст од 20 до 29 години во ЕУ изнесувала 65,5 отсто. Во Македонија пак вработени биле само половина од младите или 50,2 проценти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img