HomeМакедонијаДизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари – РКЕ: Намалувањето на ДДВ-то...

Дизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари – РКЕ: Намалувањето на ДДВ-то ги ублажи цените на горивата

- Advertisement -spot_img

Од полноќ горивата ќе се продаваат повторно по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, врз основа на светските берзи и зајакнувањето на доларот во однос на денарот, цената на дизелот да се зголеми за 3,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинство да поскапи за 2,5 денари по литар, цената на мазутот за 0,15 денари, додека цените на двата вида бензин остануваат непроменети.

Од РКЕ соопштуваат дека и покрај намалувањето на ДДВ-то за горивата од 18% на 10% со одлука на Владата, ова се новите цени кои ќе важат во малопродажбата вечерва по полноќ.

Во цената се вклучени и трошоците за транспорт од складиштата до бензинските станици во износ од 1 денар по литар за сите нафтени деривати, освен за мазутот. Исто така, вклучена е и еколошка такса за финансирање на активности за животната средина, како и надоместок за задолжителни резерви.

Според премиерот Мицкоски, со промената на состојбата ќе има и дополнителни мерки за ублажување на кризата предизвикана од турбуленциите на светските берзи. Тој изјави дека во моментов нема потреба од намалување на акцизите на дериватите ниту од ограничување на продажбата за странски државјани.

„Во овој момент не само што ги задоволуваме домашните потреби, туку поради пониските цени на бензинот и дизелот во регионот имаме и многу граѓани од соседството кои точат гориво на нашите бензински пумпи. Најголем притисок има на северните, западните и јужните граници – на југ во Охрид, Струга и Дебар; во јужниот дел Битола и Гевгелија, а на север Куманово. Околу 150 илјади литри дневно има зголемување на потрошувачката во споредба со вообичаената од минатото.“, рече Христијан Мицкоски.

Врз основа на член 30-в од Законот за данок на додадена вредност, РКЕ ја донесе и Методологијата за утврдување на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Доколку меѓу две редовни седници се направат измени со во износите на тарифите, даноците или давачките кои се вклучени во пресметката, тогаш ќе се донесе нова вонредна одлука на вонредна седница за утврдување на највисоките малопродажни цени, кои ќе ги содржат новите износи на тарифите, даноците или другите давачки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img