домаСветДиректорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, поднесе оставка

Директорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, поднесе оставка

- Advertisement -spot_img

Директорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, поднесе оставка поради тоа што на нејзиниот сопруг му беше дијагностициран рак на коски.

„Неговите сила и љубов ме одржаа низ секој предизвик. Не можам со чиста совест да го замолам сам да се соочи со оваа борба, додека јас продолжувам на оваа тешка позиција која бара многу посветеност“, рече Габард.

Доналд Трамп ја прифати нејзината оставка и кажа дека функцијата привремено ќе ја преземе досегашниот заменик-директор Арон Лукас.

Габард, лојална поддржувачка на Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2024, беше потврдена за една од најмоќните личности во разузнавањето во САД неколку недели откако тој се врати во Белата куќа. Како шефица на разузнавачката заедница, Габард координираше повеќе разузнавачки агенции и го советуваше претседателот, но оваа година во голема мера ја немаше во јавноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img