домаМакедонијаДимитриеска-Кочоска за МИА: Клучните економски проекти и поддршката за граѓаните остануваат стабилни

Димитриеска-Кочоска за МИА: Клучните економски проекти и поддршката за граѓаните остануваат стабилни

- Advertisement -spot_img

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите разговори за ребалансот на буџетот.

Министерке, ги започнавте состаноци за прекројување на државната каса за 2026 година. Кои ставки ќе претпат измени, односно каде може да се очекуваат кратења?

Да, од почетокот на оваа недела почнавме со состаноци со буџетските корисници во однос на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година, со цел да ги утврдиме приоритетите на коишто ќе дадеме фокус до крајот на годината, имајќи ја предвид при тоа и неизвесноста предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток. Да не заборавиме дека нашата економија не е имуна на случувањата надвор и затоа имаме особено внимателен пристап во креирањето на политиките кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија.

Пристапот при разговорите со министрите е заснован на реално завршените проекти и на реалните очекувања за нивна понатамошна реализација до крајот на годината, со цел средствата да се насочат кон приоритети кои се изводливи, мерливи и имаат конкретен ефект.

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и овој ребаланс нема да оди надвор од тие рамки. Граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата. Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и кои се реализираат согласно планираната динамика, особено капиталните инвестиции, како и мерките за поддршка на граѓаните насочени кон унапредување на животниот стандард.
Во овој момент сè уште се во тек состаноците и кога ќе завршат ќе имаме појасна слика, но во принцип со ребалансот на Буџетот ќе останеме во основата на среднорочната фискална рамка утврдена со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година, која неодамна ја усвои Владата

2.Наведовте дека со ребалансот Владата не отстапува од зацртаната цел за фискална консолидација. Дали и кога ќе ги постигнеме оние фискални правила од 3% буџетски дефицит и јавен долг до 60%?

Со усвоената Фискална стратегија, на која се заснова и фискалната политика којашто ќе ја спроведуваме оваа година, а ќе биде пресликана во ребалансот,  главни цели остануваат обезбедување оддржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, како и зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност. Кога велам фискална консолидација особено ја темелам на фискалната одговорност и дисциплина во планирањето и користењето на јавните средства, а во рамки на реални и одржливи фискални можности. Во пракса тоа значи дека ќе одиме со фазно спроведување, без нагли органичувања затоа што не сакаме да предизвикаме штети на економијата и да го прекинеме оној циклус на економски раст од околу 3,5% кој го имаме постигнато во последната година и половина. Значи се стремиме да го постигнеме она правило што го потенцирате и вие во прашањето од 3% од 2028 и понатаму да се спуштиме и под тоа ниво, но истовремено ќе внимаваме да создадеме услови за економски раст.  Фискалната консолидација не е само прашање на кое треба да работиме, туку и процес којшто на некој начин е повеќе од потребен со оглед на тоа што имаме неизвесности во континуитет и треба да создадеме една резерва за евентуални идни шокови. Би напоменала дека ова е важно прашање кое не не засега само нас, туку и многу земји во Европа се борат со високи буџетски дефицити, но за нас е поголем предизвик бидејќи ние сме и земја во развој. Оттука, приоритет во фискалната политика останува фискалната консолидација и внимателно и дисциплинирано планирање и трошење на јавните средства.

3.     Дали ваквиот пристап е пресликан и во делот на управувањето со јавниот долг. Каква е стратегијата на Министерството за финансии?

Министерството за финансии согласно динамиката на објавуање на состојбата на јавен долг на крајот на месец април ја објави состојбата на јавен долг за првиот квартал од 2026 година. Согласно објавените податоци јавниот долг во апсолутен износ изнесува 10,747 милијрди евра или 59,7% од БДП и бележи намалување за 1,5п.п во споредба со состојбата на 30 јуни 2024 година или кога ја преземавме власта. 

Ова да појасниме значи дека буџетските средства придонеле за раст на економијата, што е поголем од апсолутниот раст на долгот. И кога говориме за задолжувања нивната оправданост се гледа преку тоа во што се насочени. Да бидеме појасни за јавноста кога станува збор за задолжувањата., oваа Влада има голем предизвик со сервисирање на стари обврски коишто се реализирани во минатото, а доспеваат во овие 4 години. Така да потсетам дека минатата година реализиравме отплата на Еврообврзница од 500 милиони евра, оваа година за отплата е еврообврница од 700 милиони евра и половина од оваа Еврообврзница веќе е сервисиран, а половина ќе се сервисира во текот на јуни 2026 година. Или попластично вкупно 9 милијарди евра стари долгови по основ на главнина и камата на долг кои оваа Влада има обврска да ги сервисира од 2026 до 2031 година. Управувањето со јавниот долг особено кога веќе нивото е достигнато до оној психолошки момент од 60% бара огромна внимателност со цел да се зачува стабилноста во јавните финансии, а во услови кога треба да се финансира и развојот. Што покажуваат бројките може за тоа да разговараме за да дадеме една јасна слика што правиме кога зборуваме за јавниот долг. Во 2017 година јавниот долг изнесуваше 4,78 милијарди евра кој до  вториот квартал од 2024 година достигна 8,87 милјарди евра, што e двојно зголемување на долгот во време на владеење на претходната Влада. Она што сакам да укажам и да повторам дека во периодот од втората половина на 2024 до првиот квартал од оваа година само за сервисирање на еврообврзниците се обезбедија 1,2 милијарди евра, и ова е само главница и само дел од обврските кои доспеваа, а дополнување и по други основи за реализација на проекти и сервисирање на обврски на домашниот пазар. За мене се важни средствата коишто ги обезбедивме за проекти во општините во овој период и секако 250 милиони евра кои ги позајмивме во економијата и кои сега се евидентираат во јавниот долг но тие.Најважно е дека со тој проект имаме ефекти врз економскиот развој. Да потенцирам дека имаме многу внимателен пристап во управувањето со јавниот долг и севкупно со јавните финансии и сме силно посветени на создавање услови за остварување повисоки и одржливи стапки за развој.

Извор: МИА.мк 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img