На средба одржана во Вашингтон со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше нагласена силната посветеност на Владата за водење внимателна и одговорна фискална политика, насочена кон одржување стабилни јавни финансии и поттикнување на економскиот раст. Како што беше истакнато, ваквиот пристап се реализира преку континуирани капитални инвестиции и мерки кои имаат за цел да ја зајакнат економската активност во земјата.

На состанокот беа поздравени и заложбите на Владата за натамошна фискална консолидација, со јасна определба за постепено намалување на буџетскиот дефицит во наредниот период. Дополнително, посебен акцент беше ставен на Извештајот од Мисијата на ММФ согласно Член 4, кој претставува важен инструмент за оценка на економските политики и состојби во земјата.
Во рамки на разговорите беше истакнато и значењето на реформите во областа на јавните финансии, при што беше нагласено дека ММФ останува клучен партнер во нивната реализација, обезбедувајќи континуирана експертска поддршка и техничка помош.
Средбата ја потврди заедничката определба за продолжување на реформската агенда, со фокус на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските политики во наредниот период.








