HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска најави придобивки за економијата од британските инвестиции

Димитриеска-Кочоска најави придобивки за економијата од британските инвестиции

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на одбележувањето на третата годишнина од Британската бизнис асоцијација во Македонија ја истакна важноста од унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Таа нагласи дека британските инвестиции имаат значајна улога во развојот на домашната економија, носејќи нови технологии, повисоки стандарди, квалитетни работни места и придонес во развојот на човечкиот капитал.

Димитриеска-Кочоска потенцираше дека Владата останува силно посветена на креирање стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, која ќе овозможи сигурност за инвеститорите и долгорочен економски раст.

Според неа, ваквата соработка претставува значаен двигател за економскиот напредок на државата и отвора нови перспективи за развој и партнерства со меѓународните компании.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img