домаСпортДесет медали за младите џудисти на „Сакура куп“ во Катерини

Десет медали за младите џудисти на „Сакура куп“ во Катерини

- Advertisement -spot_img

Со три златни и седум бронзени медали, тимот на Суперџудо Скопје оствари одличен резултат на џудо-турнирот „Сакура куп – Катерини 2026“ во Грција. Младите натпреварувачи покажаа борбеност, посветеност и тимски дух, а настапот им донесе значајно натпреварувачко искуство.

Во категоријата до осум години, златни медали освоија Војдан Лазаров и Матеј Трајковски, додека бронзени медали освоија Лука Настовски, Аврам Портарски и Стефан Вељјаноски.

Во категоријата до десет години, со златен медал се закити Ерик Антин.

Кај џудистите во две години повозрасната категорија, бронзени медали освоија Димитар Марковски, Огнен Фиданоски и Калин Намичев, додека во категоријата до 14 години, бронза освои Стефанија Златаноски.

„Медалите се само еден дел од приказната. Најважно е што секој наш натпреварувач излезе на татамите, се бореше до крај и стекна ново искуство. Горди сме на целиот тим и на секое дете кое храбро го прифати предизвикот!“, велат од клубот.

Успешниот настап е дополнителен поттик за младите џудисти да продолжат со тренинзите, да ги развиваат своите вештини и да се подготвуваат за следните натпреварувачки предизвици.

„Сакура куп“ е меѓународен џудо-турнир во Катерини, Грција. Осмото издание се одржа на 3 и 4 октомври 2026 година, во организацијата на спортскиот клуб „Сакура“ и Општина Катерини.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img