HomeМакедонијаДенеска нема да се одржи Маршот за ангелите, се одложува поради празникот...

Денеска нема да се одржи Маршот за ангелите, се одложува поради празникот Водици

- Advertisement -spot_img

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ соопшти дека денеска нема да се одржи „Маршот на ангелите“. Како што наведуваат од здружението, одлуката за одложување е донесена од почит кон големиот православен празник Водици, период кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат.

„Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение и внатрешен мир — за нашите ангели, за здравје во сите семејства и за сите кои чекорат со нас“, се наведува во соопштението.

Од здружението истакнуваат дека целта на оваа одлука е да се покаже почит кон духовната традиција и верските обичаи, со надеж дека Божјата милост ќе биде со сите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img