Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
Според информациите од ЕВН Македонија, прекини на струјата ќе има:
– од 08:00 до 10:00 часот, во дел од улица 2 во село Булачани (општина Гази Баба);
– од 08:30 до 15:30 часот, во дел од улица „Тодор Чангов“, односно подулиците 35, 37 и 39 (општина Аеродром);
– од 09:00 до 15:00 часот, во дел од улица „Франц Розман“ (општина Карпош);
– од 09:00 до 16:00 часот, во селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино (општина Чучер Сандево).
Надлежните информираат дека прекините се поради технички зафати и се очекува електричната енергија да биде нормализирана по завршување на работите.








