Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.П.(50) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неотстранување опасност“ и „неучество во отстранување општа опасност. Од советник во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Штип-Делчево, на пријавениот во четири наврати му било укажано и наложено од паркинг простор кој се наоѓа до објект на Станица за снабдување на моторни возила со ТНГ, контејнер за празни и полни боци со ТНГ за домаќинства, да го отстрани патничкото возило „опел мерива“, кое таму го паркирал, а со цел да не дојде до предизвикување на опасност за животот или телото на луѓе или имот од значителен обем. Пријавениот се спротивставувал на наредбата и укажувањето од надлежен орган и не го отстранил возилото.








