Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем откри дека раководните лица ја финишираат потрагата по менаџерот за следната клупска сезона и дека најголема желба е италијанскиот стручњак, Роберто де Зерби. Пред неколку недели, Италијанецот неочекувано стави крај на соработката со францускиот гигант Олимпик од Марсеј и затоа големи се шансите поранешниот менаџер на Брајтон да се врати во Премиер лигата.








